Семките од тиква веќе илјадници години се користат во медицински цели бидејќи тие се богат извор на витамини. Освен тоа, науката потврдила дека нивната нутритивна вредност се зголемува при подолго стоење. Ви претставуваме неколку причини зошто овие вкусни грицки треба да бидат составен дел од вашата исхрана.
1. Со семки до поздраво срце
Една четвртина шоља семки содржи речиси половина од препорачаната дневна доза магнезиум, кој е многу важен за вашето срце. Исто така помага и при контролата на крвниот притисок.
2. Го подобруваат имунитетот
Семките се богат извор на цинк, кој помага при регулација на имунолошкиот систем, при што се намалуваат ризиците од вирусни инфекции како настинката и грипот. Исто така, ја намалуваат количината на замор и депресија.
3. Го одржуваат здравјето на простата
Семките се многу важни за машкиот пол, односно за нивното здравје, бидејќи благотворно делуваат на простата. Тие често се користат во лекувањето на разни здравствени проблеми со простатата како што е зголемената простата и хиперплазијата.
4. Го намалуваат ризикот од дијабетес
Семките од тиква помагаат при регулацијата на инсулинот и со тоа ги спречуваат разните компликации поврзани со дијабетесот, како што е оксидацискиот стрес.
5. Помагаат при несоница
Консумирањето на семки од тиква неколку часа пред спиење, особено во комбинација со овошје, придонесува за подобро излачување на мелатонинот и серотонинот, со што се зголемува регенерацијата на телото при спиењето.