3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКорисни навики кои ќе ви помогнат во животот

Корисни навики кои ќе ви помогнат во животот

Се губите во обврските, хаотични сте и не успевате да завршите се што сте требале на време. Не претерувајте со работа – треба да знаете како да бидете умерени во се што правите.

Важно е да знаете да ги комбинирате задоволството, работата, одморот, пријателите – без било кое од овие да настрада.

Овие навики ќе ви помогнат да станете попродуктивни и поуспешни:

1. Поставете цели, внимавајте тие да бидат реални и поделете ги на помали делови со цел полесно да ги извршувате.

2. Направете список со обврските и селектирајте што е завршено.

3. Немојте да чекате на другите, потпрете се прво на себе.

4. Научете како да распределувате обврски и на другите, доколку сте во можност поделете ја работата со некого.

5. Проверувајте си ги мејловите периодично, не губете постојано време за проверка на мејловите, тоа праветете го периодично.

6. Кога ќе се изморите, освежете се и потоа преминете на новата задача.

7. Имајте време за одмор, одвојте еден дел од денот кога вистински ќе се опуштите и релаксирате, на секого му е потребен одмор.

8. Спијте доволно и внимавајте на исхраната, редовниот сон и квалитетната исхрана ќе ви помогнат да имате повеќе енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП