26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor`s го намали рејтингот на Македонија

Standard & Poor`s го намали рејтингот на Македонија

Standard Poors Lawsui_Angu

Агенцијата „Standard & Poor`s“ денеска го намали рејтингот на Република Македонија за долгорочно задолжување во домашна и странска валута од „BB“ на „BB-“ што укажува на намалување на транспарентноста на јавните финансии и послабиот економски раст.

Краткорочниот рејтин е потврден на „B“, а прогнозата е стабилна. Оценката за трансфер и конвертабилност е намалена од „BB+“ нa „BB“.

Во агенцијата констатираат дека транспарентноста на македонските јавни финансии е намален од почетокот на глобалната финансиска криза, а изгледите за економски раст се многу  ослабени.

Причината за оваа оцена, како што се наведува во изјавата на „Standard &Poor`s“, се економските притисоци во регионoт, стеснетиот маневарски простор на странските сопственици во македонските банки, тешкотиите во управувањето со владините финансиски обврски и зголемената јавна потрошувачка на непродуктивна сопственост.

Според оцената на „Standard &Poor’s“, рамнотежата на моќта меѓу македонските политички институции не е примерена, а доцнењето на намирувањето на финансиските обврски го доведува во прашање остварувањето на зацртаните фискални цели.

Стабилната прогноза произлегува од структурната крутост, политичките предизвици и надворешната ранливост од една страна, и релативно умереното ниво на долгот од друга страна, се наведува во образложението на агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП