28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБилка која го помага закрепнувањето од мозочен удар

Билка која го помага закрепнувањето од мозочен удар

Екстракт од билката гинко може да помогне во закрепнувањето по мозочен удар, покажа резултатот од најновото истражување спроведено во Кина.

Истражувањето кое е спроведено во Кина опфатило 330 пациенти, а се покажа дека екстрактот од билката гинко има благотворно дејство во текот на закрепнувањето од мозочен удар.

Една група на пациенти земала по 450 мг од екстрактот од гинко дневно и по 100 мг аспирин, додека другата добивала само аспирин.

Се покажало дека првата група има поблаги когнитивни оштетувања на тестовите.

Експертите сеуште не можат да препорачаат терпија само со билката гинко бидејќи станува збор за истражување, спроведено во Универзитетската болница во Нанџинг, релативно мало и наведуваат дека е потребно да се спроведат подетални истражувања.

Гинко или мандаринското дрво е едно од трите најстари видови. Ендемски вид е и се среќава во планините на југоисточна Кина, но успешно се одгледува и во ботаничките градини.

Досегашните истражувања потврдија дека благотворно делува на микроциркулацијата и дека има антиоксидативно дејство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП