28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБлаготворниот сок од свежа зелка

Благотворниот сок од свежа зелка

Иако експертите тврдат дека чирот на желудникот не е сезонска болест, кај одреден број на заболени тешкотиите се изразени во есен или на пролет.

Но без оглед на тоа, доколку и вие имате такви проблеми, симптомите можете да ги ублажите со сок од свежа зелка.

За подготовка на овој делотворен сок исецкајте 500 гр зелка, потоа сомелете ја, малку посолете ја и оставете ја да отстои еден час. Потоа зелката процедете ја преку газа, а сокот ставете го да стои во фрижидер.

Сокот пијте го меѓу оброците, а ако ви создава пречки при варењето, пијте го еден час после оброкот. За полесно варење пред оброкот би било пожелно да испиете чај од камилица во кој ќе додадете малку ким.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП