9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа една година, во Канада е конзумирана марихуана за 4,8 милијарди долари

За една година, во Канада е конзумирана марихуана за 4,8 милијарди долари

Жителите на Канада најверојатно конзумирале марихуана во вредност од 6,2 милијарди канадски долари (4,8 милијарди долари) во 2015-та година, покажуваат податоците на државната агенција за статистика во земјата, цитирани од „Bloomberg“.

Според службата вкупните пресметки, како за нелегалниот пазар на марихуана, така и за дозволената од законот продажба на медицинска марихуана, се „експериментални“, па е можно потрошувачката да биде најмалку 5 милијарди канадски долари (3,8 милијарди долари).

Податоците покажуваат дека вкупно 698 тони канабис биле консумирани, а просечната цена за грам варира помеѓу 7,14 и 8,84 канадски долари.

Се проценува дека 4,9 милиони Канаѓани го користат наркотичното средство.

„Неопходно е канадскиот национален статистички систем да се прилагоди на мерењето на економското и социјалното влијание од легализацијата на канабисот“, се наведува во извештајот на Канцеларијата.

Канадскиот премиер Џастин Трудо повеќепати изјавувал дека е ангажиран за целосна легализација на марихуаната до јули следната година. Досега нејзината употреба за медицински цели е делумно овластена.

Во моментов лиценцираните производители на марихуана во Канада обезбедуваат околу 5% од очекуваното побарувачка за немедицински цели кои ги користат околу 200.000 пациенти со рецепт. Но по нејзиното легализирање во текот на следната година се претпоставува дека до оваа бројка ќе се додаваат милиони други.

Во исто време само во последната година бројот на лицата кои користат марихуана за медицински цели, се зголемил тројно и расте со околу 7% секој месец.

Ако биде легализирана целосно, опијатот може да донесе приходи од 22,6 милијарди долари според податоците на „Deloitte“ – тоа претставува повеќе од приходите од пиво, вино и алкохолни пијалаци, земени заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП