20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерлин и Варшава ќе бидат домаќини на финалињата во 2015-та

Берлин и Варшава ќе бидат домаќини на финалињата во 2015-та

UEFA+Champions+League+Group+Stage+Draw+O8cIvidKTOAl

Берлин ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2015-та година, додека во Варшава ќе се одигра пресметката за трофејот во Лига Европа. Ова беше објавено по денешната седница на УЕФА која се оддржа во Лондон.

Дуелот на „Олимпискиот стадион“ во 2015-та година ќе биде прво финале од евротурнирите кој ќе се одржи во германската престолнина. Берлин беше домаќин на Олимписките игри во 1936-та година и на финалето на Светското првенство во 2006-та година.

До моментов само два германски градови биле домаќини на финалето од Лигата на шампионите – Минхен (1993, 1997 и 2012) и Гелзенкирхен (2004). Дортмунд и Хамбург беа домаќини на финалето на Купот на УЕФА / Лига Европа, откако носителот на трофејот се решава во еден натпревар од 1998-та година.

Полска беше домаќин на Евро 2012 заедно со Украина, но никогаш до сега немала да биде организатор на европско клупско финале. На „Националниот стадион“ во Варшава се одигра натпреварот со кој се отвори Европското првенство пред една година каде силите ги одмерија Полска и Грција. На овој стадион се играше и полуфиналната средба меѓу Италија и Германија (2:1).

Минатата година УЕФА го назначи Лисабон за домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2014-та година, а пак во Торино ќе се игра дуелот за трофејот од Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП