28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОKoj од браќата ќе биде поуспешен на Вембли, Адидас или Пума?

Koj од браќата ќе биде поуспешен на Вембли, Адидас или Пума?

Jerseys of German football clubs Bayern

В саботa на стадионот Вембли во Лондон во 20:45 ќе започне дуелот помеѓу германските фудбалски гиганти Баерн Минхен и Борусија Дортмунд кои ќе го играат финалето од Лигата на шампионите. Но оваа пресметка нема да биде единствената, затоа што ќе се бара кој ќе биде подобар и од браќата Адидас и Пума кои се спонзори на клубовите. Адидас веќе неколку децении се задолжени да го снабдуваат Баерн со спортска опрема, друга страна Пума од лани ја започна соработката со „милионерите“.

Овие два спортски бренда кои се сметаа за најпознатите во светот, зпочнаа како еден. Имено, браќата Рудолф и Адолф Даслер во 1924-та година ја основаа компанијата за облека „Gebruder Dassler Schuhfabrik”, со седиште во малото баварско место „Herzogenaurach“ кое се ноаѓа на 20 километри од Нирнберг.

Schuhfabrik 1927, bereitgestellt von Puma

Меѓутоа, во 1948-та година браќата се скараа, па секој си тргна по својот пат. Адолф Даслер ја основа компанијата Адидас, а Рудолф го покрена брендот Руда, чиешто име подоцна се смени во Пума.

Во меѓувреме и двата бренда доживеаа голема популарност и експанзија, како во Германија, така и во Европа, а подоцна и низ целиот свет.

Односот на Адидас и Пума може да биде еквивалентен на успесите на Баерн и Дортмунд. Адидас моментално располага со 46.306 вработени лица, а годишниот профит изнесува околу 1.185 милијарди евра! Што се однесува до Пума, 9.310 лица работат во оваа компанија, којашто има годишна заработувачка од 202.2 милиони евра.

Adolf-Dassler-vs-Rudolf-Dassler

Баерн на кој што Адидас му е спонзор е далеку потрофеен клуб од Борусија, која ги носи дресовите на Пума. Покрај 23-те шампионски титули, Баварците можат да се пофалат и со четири титули европски шампион, еден Куп на Куп победниците, како и со еден Куп на УЕФА, за разлика од Дортмунд којшто осумпати го освојуваше германскиот шампионат, има една титула европски шампион и еден Куп на Куп победниците.

Интересно е тоа што, и покрај разделбата, Адидас и Пума и понатаму се на иста адреса – „Herzogenaurach“ во Баварија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП