5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТрудници, јадете риба и јаболки

Трудници, јадете риба и јаболки

Трудниците кои јадат јаболки и еднаш или двапати недело риба раѓаат деца поотпорни на астма, алергиски кожни егземи и други алергиски болести во подоцнежниот период од животот.

Научниците од Абердин универзитетот во Велика Британија кои го објавија истражувањето веруваат дека за оваа појава се заслужни силните антиоксиданси, флавоноидите кои се наоѓаат во јаболките и омега 3 масните киселини, кои најмногу ги има во рибата. Во истражувањето вклучиле и други намирници, како што е зеленчукот, овошните сокови, киви, житарки, млечни масти и маргарин, но тие не го постигнале истиот ефект во заштитата од појава на алергии.

Во текот на истражувањето се опфатени 1.212 деца, чии мајки давале податоци за исхраната во текот на бременоста. Со раѓањето на децата истражувањето не било прекинато, туку било продолжено и во следните пет години. Научниците заклучиле дека исхраната на мајките во текот на бременоста има поголемо влијание не само на здравјето на респираторните органи на детето, туку и неговата сопствена исхрана до петтата година од животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП