23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВлада: Најголем загадувач на воздухот е загревањето на домовите (видео)

Влада: Најголем загадувач на воздухот е загревањето на домовите (видео)

На денешната прес конференција на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, за вчерашната владина седница тој информираше дека Владата го усвоила извештајот на работата на интер-ресорската група составена од 17 државни институции и граѓански и еколошки организации, а кој се однесува на загадувањето на воздухот во цела Македонија.

За сите детали од извештајот, задолжено е Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство кои треба да ги соопштат на јавноста препораките и мерките кои ќе се применуваат при преминување на прагот на алармирање на одредена загадувачка супстанца.

„Наредниов период министерството за животна средина и оваа група од 17 институции и од граѓански организации, ќе го презентира на јавноста целокупниот извештај. Денеска сосема накратко ќе ви презентирам само одредени мерки од истиот. Лоцирани се изворите на загадување. Според овој извештај загревањето на домовите, односно греењето е најголем загадувач на воздухот. Некои од мерките кои ќе бидат предвидени за кои се дискутира и ќе бидат задолжени одредени институции се: ќе треба да се оформи процес на евентуално враќање на исклучените граѓани од системот на централно греење на Град Скопје.

Ќе треба да се направат законски измени за обврска на секој инвеститор при добивање на градежна дозвола, да приложи проект за начинот на затоплување на објектот. Ќе се предвидуваат субвенции и стимулации за нови типови на загревање. На долг рок една од мерките предвидува и забрана за користење на јаглен за загревање на домовите, мерка која треба да се имплементира до 2021 година. Гасификацијата исто така е мерка на долг рок“, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Тој информираше дека Владата ја разгледала и усвоила и Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017- 2022 година, со акциски план. Со оваа предлог стратегија се даваат насоки и правци за подобрување на целокупниот правосуден сектор преку надминување на постојните недостатоци.

Тие уште еднаш информираа дека Владата на вчерашната седница го разгледала и усвоила и предлог законот за амнестија, по јавната расправа за овој закон. Двете измени кои се носат се дека законот ќе се носи по редовна постапка и дека со одредбите предвидени во овој закон важи за кривични дела до 20.09. 2017 година. Датумот според Владата е произлезен по јавната расправа и по укажувањето на експертите и нивните коментари откако е објавен предлог-законот. Ќе бидат опфатени 670 правосилно осудени лица на казна затвор до 6 месеци, 3097 лица ќе им биде намалена казната за 30%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП