Управата за јавни приходи (УЈП) денеска пред седиштето на Општина Аеродром во текот на работното време ќе постави „Мобилен даночен шалтер“, преку кој даночните обврзници ќе можат да добијат даночни услуги.
Преку опремено комбе како даночна мобилна канцеларија, граѓаните и фирмите ќе имаат можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.