27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон: Банките го поминаа „стрес тестот“

Лондон: Банките го поминаа „стрес тестот“

Прв пат откако во 2014 година започна да се спроведува тестирањето на отпорноста на банките на низа потенцијални економски шокови, Банката на Англија соопшти дека ниту една финансиска институција во таа земја нема да мора да собере дополнителен капитал за да ја поддржи својата финансиска база.

Во извештајот за годишниот стрес тест на банкарскиот систем, објавен денес, битанската централна банка наведе дека најголемите банки во земјата се отпорни на мноштво лоши сценарија, вклучувајќи истовремено длабока рецесија во земјата и странство и силен пад на цените на недвижнините, пренесува агенцијата АП.

Стрес тестовите станаа клучен инструмент во политиката на централните банки ширум светот од глобалната финансиска криза во 2008 година.

Во случајот со Британија, многу банки во таа земја, вклучувајќи ја и „Royal Bank of Scotland“, мораа тогаш да бидат спасувани преку грбот на даночните обврзници бидејќи не беа доволно силни да излезат на крај со последиците од економскта криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП