21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција со цел да се докаже и укаже еднаквоста кај децата, адолесцентите,...

Конференција со цел да се докаже и укаже еднаквоста кај децата, адолесцентите, деца и млади со попречености

На 1.12.2017 година во просториите на Информативниот центар на ЕУ во 5 до 12 часот во организација на Невладината организација „НВО Детски свет Нов Почеток“,  „НВО различни, посебни а еднакви – МЕНУВАМЕ“ и граѓанската иницијатива 5ДО12“ ќе се одржи конференција пред почесните гости, медиумите и сите присутни со цел да се докаже и укаже еднаквоста кај децата, адолесцентите, деца и млади со попречености и семејствата со пораката „5ДО12-МЕНУВАМЕ“ со цел за младинска социјална инклузија и презентирање пред јавноста дека не треба да постојат ограничувања во секојдневието кај децата, адолесцентите, деца и млади со попречености и семејствата, а со тоа секоја активност од сите сфери на живеењето на овие лица да биде можност за понатамошен напредок во создавањето на услови и поефикасни решенија во менување на стереотипите.

На самиот настан свечено ќе се потпише и официјализира меморандумот за меѓусебна поддршка и соработка од страна на Министерството за труд и социјална политика и министерката Г-ѓа Мила Царовска и организацијата „НВО Детски свет – Нов почеток“.

„Додека некои ја гледаат физичката попреченост како препрека, постојат луѓе кои ја гледаат како можност, можност да се поместат границите во умот за да се успее и да се оствари нивниот сон. Затоа што позади секој успех стои труд, пасија и човек подготвен да се соочи со предизвиците на патот кон целта.“, е дел од пораката која Г-дин Суарет Алишан, Претседател на „НВО Детски свет – Нов почеток“ кој преку својот говор ќе ја пренесе пред сите присутни на конференцијата.

Со свое излагање ќе се претстави и Г-дин Зоран Мијалков, Претседател на Невладината организација „Сплотени Срца“ од Штип.

На настанот иноваторот и креаторот Г-ѓа Александра Калемџиевска ќе ги презентира своите неверојатни иновации кои ќе го олеснат секојдневнието на децата, адолесцентите, деца и млади со попречености и семејствата и комплетно ќе ги направат независни во сите сфери на живеењето.

Главната цел на оваа конференција е презентација на понатамошната работа и достигнувања за воедначен развој на лицата со и без физичка попреченост на целата територијата на Република Македонија, како и создавање услови за воспоставување и промовирање инклузивни настани и иницијативи што промовираат интеракција помеѓу децата и младите. Овозможување постојан и непречен пристап на фокусот на проектите, соработка со сите општини во Републиката, со континуирана заложба за понатамошен развој и подигнување на степенот на свест.

Конференциска  програма:

Како домаќини на 2-рата конференција на МЛАДИНСКА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА „Заедно кон подобар свет за децата, адолесцентите, деца и млади со попречености и семејствата“, се обидуваме да соберме поединци, здруженија, организации и засегнати страни, кои работат со ранливи деца, млади луѓе и семејства низ целата републиката на локално, регионално, национално и меѓународно ниво. Целта е да се изградат поддршка и одржливи професионални мрежи и да се придружат на нашите сили, со цел да се работи на правата на децата и младите луѓе изложени на ризик.

Целта на конференцијата е да  обезбеди преглед и размена на работа со деца и млади луѓе со попречености со алтернативна грижа ширум републиката. Врз основа на четири појдовни точки – историја, пракса, применета наука и иновативност – темите  се движат од наодите од претходната  конференција на МЛАДИНСКА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА во Скопје (МАКЕДОНИЈА) во Ноември 2016 година на тема “Пат кон вклучување на други иновативни идеи во различни области“.

МЛАДИНСКА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА АНАЛИЗА

Родителите на деца и млади со и без попреченост „Заедно кон подобар свет за децата, адолесцентите и семејствата на деца и млади со и без попреченост“,со родители, здруженија, организации и засегнати страни, кои ќе работат со ранливи деца, млади луѓе и семејства низ целата република на локално, регионално, национално и меѓународно ниво. Целта е да се изгради поддршка и одржливи професионални мрежи и да се придружат на нашите сили, со цел да се работи на правата на децата и младите со и без попреченост луѓе изложени на ризик.

Целта на проектот е да обезбеди преглед и размена на работа со деца и млади луѓе со алтернативна грижа и деца и млади со попреченост ширум републикта. Врз основа на четири појдовни точки – историја, пракса, применета наука и иновативност – темите се движат од наодите од претходниот проект на различни посебни а еднакви МЕНУВАМЕ во Скопје во октомври 2017 година на тема “Пат кон вклучување” на други иновативни идеи во различни области.

МЛАДИНСКА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА

Организирана е дополнителна програма за индикаторите на проектот. МЛАДИНСКА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА пред проектот ќе има за цел да ја поттикне размената на искуства и идеи, како и стекнување и развивање на вештини на младите луѓе кои живеат во алтернативна заштита и сега се во транзиција кон независен живот, што ќе им овозможува на учесниците и другите заинтересирани да ја истражат темата во поголема длабочина.

млади луѓе од целата република ќе работат заедно за промени за подобар свет со поддршка и водство на 20 лидери на групи и професионални возрасни лица. Младите луѓе кои живеат во алтернативна заштита и сега се во транзиција ќе разменуваат искуства за предизвиците на животните промени низ кои минуваат и врз основа на тоа ќе креираат конкретни предлози за потребните промени во политиката кон лицата кои се грижат за нив.

Кулминацијата на настаните е 90минутна работилница за нивните наоди на проект на МЛАДИНСКА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА: “Заедно кон подобар свет за децата, адолесцентите, родители на деца со попреченост и деца и млади “.

Преку Проектот „МЛАДИНСКА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА“ во текот на 8те месеци младите преку споделување на своите искуства, знаења и визии оформат

7 10 стандарди за лицата со и без попреченост кои ја напуштаат заедницата. Следниот текст се:

  1. Секое лице кое ја напушта заштитата/негата треба да биде вклучено во свој сопствен план за напуштање и да има збор во тоа што треба да се направи.Секое професионално работење со лице кое ја напушта заштитата треба да развие за него/неа план за напуштање базиран на индивидуалните потреби, способности и таленти на младиот човек, но најважно е тоа лице да биде вклучено како централна фигура во креирањето на истиот. Таквиот план ќе донесе поголема стабилност во животот на младиот човек и тој/таа ќе се чувствуваат многу посигурно во однос на иднината.
  2. Сите лица кои ја напуштаат заштитата треба да имаат еднакви права, можности, пристап до социјални бенефиции и да бидат соодветно информирани за ова право. Од една страна, треба да постојат посебни програми и обуки наменети за едукација на лица кои ја напуштиле грижата во однос на нивните права и за тоа како истите да се залагаат за себе. Од друга страна пак, важно е дека професионалците не треба само да се свесни за правата на децата и младите луѓе, но и за тоа како да се применуваат овие права во нивната секојдневна практика.
  3. За аплицирање на колеџ / универзитет секое лице кое ја напушта грижата треба да добие одредена бенефиција и да има пристап до стипендија спонзорирана или од владини или приватни организации. Со цел да се охрабрат младите лица кои ја напуштаат заштитата да

го продолжат своето образование, потребно е да се имплементираат посебни програми и стипендии. Ова ќе им даде на младите подобри можности за работа во иднина.

  1. За да може да најде добра работа и да биде успешен во истата, секое лице кое ќе ја напушти заштитата треба да добие помош за да стане свесно и да ги препознае своите потенцијални, и да добие шанса да ги подобри истите. Лицата кои ја напуштаат заштитата треба да добијат професионално советување во однос на работата со цел подобро да ги осознаат своите предности и за тоа како понатаму да ги развиваат своите способности и таленти.
  2. Бесплатно здравствено осигурување за секое лице. Младите луѓе кои ја напуштаат заштитата мора да имаат бенефиции во однос на бесплатно здравствено осигурување.
  3. За да го живеат својот живот посигурно, секое лице кое ја напушта заштитата треба да се чувствува поврзано со одередени луѓе на кои може да се потпре во секое време. Имањето на значајни возрасни луѓе покрај себе во животот може многу да допринесе на оние млади кои ја напуштаат заштитата. Имањето на врски од доверба со возрасно лице носи стабилност и поддршка во животот на оние лица кои ја напуштаат заштитата.
  4. Луѓето кои работат на поддршка на младите кои ја напуштиле заштитата треба да бидат мотивирани, квалификувани, поддржливи и под надзор. Социјалните работници и младинските работници кои се ангажирани за давање поддршка на лицата кои ја напуштаат заштитата треба да добијат специјализирана обука за вештини потребни за обезбедување на подобри насоки и помош на младите. Со цел да се спречи неуспех и намалување на нивната мотивација тие мора да бидат надгледувани и консултирани, на редовна основа.
  5. Со цел да се грижат сами за себе,лицата кои ја напуштаат заштитата треба да имаат знаење за животните вештини и за тоа како самите да ја организираат својата секојдневна рутина, како на пример лице во лице обука со некој што веќе ја има поминато таа фаза на осамостојување. Младите луѓе, кои ја напуштаат заштитата треба да бидат вклучени во обуки со цел да се подобрат нивните социјални компетенции. Најдобро би било ако тие можат да научат од некој којпоминал низ слични проблеми како нив. Затоа е потребно обуките лице во лице да бидат достапни, за да младите можат да научат од искуствата на постарите штитеници кои ја напуштиле негата.
  6. Младите кои ја напуштаат заштитата треба да знаат како да ја обезбедат способноста да сочуваат покрив над глава. Тие треба да бидат обучени и водени како да го менаџираат сопствениот буџет.
  7. Откако ќе ја напуштат заштитата, општеството треба да обезбеди можност за ментор кој ќе ги води и поддржува младите емоционално, доколку е потребно. Потребно е да постојат програми за менторство за мледите луѓе кои ја напуштаат заштитата. Доколку младите луѓе кои ја напуштаат заштитата, успеат да изградат доверливи врски со ментор кој ќе им обезбеди емоционално водство и други видови на поддршка, тоа би придонело до подобри резултати за младите. Тие ќе се чувствуваат поохрабрени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП