5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои треба да ги јадете секој ден

Намирници кои треба да ги јадете секој ден

Храната која се нуди во продавниците е толку разновидна што понекогаш не знаете што да одберете. Ви предложуваме да ги воведете овие намирници во вашата секојдневна исхрана, имајќи предвид дека внесувате разновидно овошје, зеленчук, житарици од цело зрно и потребните протеини.

Компир, пилешко, јајца, млеко, леб, месо и лук. Неодамнешните истражувања покажаа дека најчестите јадења ги содржат овие намирници. Но, понудата на храната е далеку поразновидна и штета е да не ги пробате новите вкусови и во организмот да ги внесете важните хранливи материи. Започнете секојдневно да ги користите и овие намирници…

Црвена пиперка

Започнете го оброкот со лута пиперка. Капсаицинот во неа го забрзува вашиот метаболизам (помага во загубата на масно ткиво).

Како да ја користите? Додадете ја лутата црвена пиперка во маринадите за месо, во омлетот или едноставно во салатата.

Кељ

Ако сте во потрага за зеленчук кој ќе ја збогати вообичаената салата, обидете се со кељот. Една чинија кељ во текот на денот ќе ги задоволи дневните потреби за витамините А и Ц.

Како да го користите? Кељот е многу вкусен и како салата, не е потребно постојано да го варите. Во салатата додате маслиново масло и лимон, кои ќе го омекнат лиснатиот зеленчук, додадете суво овошје за побогат вкус. Или доколку не ви се допаѓа сиров, згответе го на пареа и додадете му ги на вашето тело неопходните хранливи материи.

Ореви

Оревите се богати со влакна, магнезиум и антиоксиданси, како витаминот Е. Докажано е дека една шака ореви на ден го подобрува протокот на крв и помага во намалувањето на крвниот притисок.

Како да ги користите? Оревите лесно се вклопуваат во исхраната. Тие се совршен додаток во овесната каша и во салатите. Можете да ги вметнете и во јадењата со месо или да ги грицкате како замена за ужината.

Путер од кикирики или бадеми

Путерот од кикирики или бадеми е богат со здрави масти и протеини. Купете ги оние видови кои се без сол, без додатоци на шеќер и конзерванси.

Како да го користите? Намачкајте го на интегрална кришка леб и ќе бидете многу задоволни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП