1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтефан Марковски е овогодишниот добитник на наградата „Книжевно перо“ во Хрватска

Стефан Марковски е овогодишниот добитник на наградата „Книжевно перо“ во Хрватска

Збирката кратки раскази „Смртта долетува насмевната“ од македонскиот писател Стефан Марковски е овогодишниот добитник на наградата „Книжевно перо“ за најдобра книга вон изданијата на Хрватското книжевно друштво со седиште во Риека.

Наградата на Марковски му беше врачена во свечената сала на Градското Собрание на Риека од страна на претседателството на ХКД во рамки на 10. јубилејно издание на манифестацијата „Денови на пријателите на книгата“.

Претходно,  во просториите на Македонското културно друштво од Риека „Илинден“, книгата на Марковски беше промовирана заедно со неговата последнообјавена поетска збирка „Сиво сјаат вселените“.

Промотор на збирката беше почесниот претседател на ХКД, Валерио Орлиќ.

Наградата „Книжевно перо“ е именувана по списанието на ХКД во чиј најнов број се застапени извадоци од творештвото на Марковски.  Збирката раскази „Смртта долетува насмевната“ Марковски е актуелен добитник на наградата „Крсте Чачански“ за 2017-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП