Што би можеле да направите за да работите попаметно и вашиот мозок секогаш да биде иновативен и полн со инспирациja? Применете ги овие совети и работете попаметно…
Работете само неколку часа
Работењето многу часови е навистина оптеретувачки и не е практично бидејќи вие повеќе ќе грешите отколку што ќе работите, за да работите попаметно намалете го бројот на часови.
Разјаснете ги целите и базичните вредности
Што сакате на крајот да постигнете? Дали посветувате многу време вртејќи се околу задачите кои се безначајни?
Следете го времето
За да се бидете ефикасен, уживајте во периодите на неработното време, но во периодите на работа дадете го максимумот.
Не ветувајте премногу
Ова е посебно предизвикувачки бидејќи вие досега сте се навикнале се да ветувате, откажете се од тоа и не ветувајте премногу, така само си го зголемувате стресот и брзате да ја завршите работата, тука може да се појави и неквалитетот. Ветете само онолку колку што навистина можете да сработите.
Побарајте помош
Мора да сфатите дека не можете се сами да завршите, не бидете себични побарајте помош.
„Купете си живот”
Погрижете се да имате добар живот надвор од работата, и да не се обидувате да избегнете нешто во приватниот живот, работејќи премногу.
Исклучете се
Заборавете ги периодите во кои одговарате на телефонските пораки (доколку не се итни) и дозволете во мејлот понекогаш да имате и непрочитани пораки. Исклучете се и концентрирајте се на она што вас ве интересира.