8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонија стана полноправна членка на Европската мрежа за литература и книги „Традуки“

Македонија стана полноправна членка на Европската мрежа за литература и книги „Традуки“

Република Македонија е едногласно примена во Европската мрежа за литература и книги „Традуки“, која се одржува во Базел, Швајцарија.

На настанот министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, ги потпиша формалните документи за членство, а македонската делегација веќе учествува полноправно во работните тела на „Традуки“.

Со ова формално пристапување Македонија добива полноправно членство во Управниот одбор на Мрежата, кој ќе може учествува во донесувањето одлуки и да влијае на стратешките насоки за развој на Мрежата, како и да лобира за добивање поддршка за конкретни добри проекти од Македонија.

Македонија беше меѓу последните земји од регионот што не беа формални членки на оваа европска мрежа, иако веќе 10 години македонските издавачи добиваа поддршка од „Традуки“ за нивните изданија и преводи.

На настанот во Базел паралелно се потпиша договор со сите 19 претставници на телата на Мрежата, вклучувајќи ги договорите со претставниците на германското федерално Министерство за култура, претставниците на министерствата на Австрија, Швајцарија, Лихтенштајн, како и на другите земји -членки на Мрежата.

„Претставник од Министерството за култура веќе се вклучи во работата на Управниот одбор на Мрежата ‘Традуки’. Веќе договоривме во 2018 година Македонија да организира два проекта, надвор од предвидените апликации и буџети за преводи“, истакна Алаѓозовски по сесијата.

При вчерашната средба со министерот, директорката на Мрежата, Антје Контиус, побарала од него да ги искористи неговите добри релации и односи со министрите за култура на Бугарија и Босна и Херцеговина и да се заложи и овие две земји да станат членки на Мрежата.

Во Европската мрежа за литература и книги „Традуки“, покрај Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн, членуваат речиси сите земји од Југоисточна Европа. Програмата за поддршка за превод на белетристика, современа стручна литература и книжевност за деца и млади од 20 и 21 век „Традуки“ ја поддржува размената меѓу земјите – учеснички. Посебно внимание им е посветено на преведувачите, кои претставуваат важни културни посредници, па оттука и името на оваа мрежа, чија цел е да ги зајакне европската и меѓурегионалната соработка и да ја поттикне размената на информации во преведувачката дејност, преку средби меѓу авторите,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП