2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФАО: Следете го примерот на Тајланд

ФАО: Следете го примерот на Тајланд

tajland1

Истражувачите укажуваат дека Тајланд му дава пример на светот како да излезе на крај со глобалната криза за храна – одгледувајќи инсекти за јадење.

Организацијата при ОН за храна и земјоделство (ФАО) ги објави резултатите од студијата и прирачникот со кој може да се задоволи глобалната побарувачка за храна, за која се предвидува дека до 2050 година ќе се зголеми за 60 проценти, прирачникот е наречен „богатство со шест нозе“, пренесува агенцијата АП.

ФАО вели дека инсектите и црвите се богат извор на протеини, витамини и минерали.

Студијата е спроведена во Тајланд, каде што голем број на инсекти веќе се вклучени во исхраната, особено во руралните средини.

Според проценката на ентомологот Јупе Ханбунсонга, во Тајланд се јадат 200 видови на инсекти и црви.

Вредноста на индустријата за штурците за јадење се проценува на 30 милиони долари годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП