17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУспех на Арда Мустафаоглу на пијано натпревар во Брисел

Успех на Арда Мустафаоглу на пијано натпревар во Брисел

Арда Мустафаоглу од Македонија ја освои третата награда во неговата категорија, на третиот интернационален пијано натпревар “Triomphe de l’Art”, што се одржа на Кралскиот конзерваториум во Брисел, Белгија.

На натпреварот учествуваа 40 пијанисти од 15 држави: Белгија, САД, Холандија, Франција, Јапонија, Грција, Хрватска, Шпанија, Италија, Македонија, Русија, Аустралија, Кина, Србија и Чешка.

Петнаесет годишниот Мустафаоглу е еден од најталентираните македонски млади пијанисти. Годинава тој учествуваше и освои први места на пијано натпревари во Србија, Италија Бугарија и Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП