19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМузејот на Македонија учествува на изложбата „Жени, мајки и божици: универзални јазици...

Музејот на Македонија учествува на изложбата „Жени, мајки и божици: универзални јазици и предисториска уметност“

Музејот на Македонија учествува на изложбата „Жени, мајки и божици: универзални јазици и предисториска уметност“, што се реализира во Удине, Италија.

Изложбата е во организација на Градските музеи на Удине во соработка со Универзитетите во Сиена и Фиренца и ќе биде отворена од овој месец до февруари 2018 година.

Музејот на Македонија учествува на изложбата со комерцијални копии на предисториски фигурини, садови и модели што ќе бидат пристапни за лицата со посебни потреби и на тој начин за првпат ќе можат да ги допрат и доживеат овие предмети, и воедно да се запознаат со нивниот изглед.

„На тој начин, преку овој сегмент од изложбата ќе се овозможи тактилна интеракција меѓу посетителите и културното наследство, што ретко се применува во музеите. Овој интерактивен отсек е само еден дел од поголема изложба на којашто се претставени палеолитски, неолитски и енеолитски фигурини од Италија, Германија, Словенија, Србија, Романија, Украина и други земји“, вели в.д. директорот на Музејот на Македонија, Гордан Николов.

Во рамките на овој настан, во кого се вклучени петнаесетина европски институции, се одржуваат и две конференции на коишто се презентираат идеите за поголема пристапност и отвореност на музеите кон поширока публика, вклучувајки ги и лицата со посебни потреби. Активноста е реализирана на иницијатива на д-р Гоце Наумов вработен во Музеј на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП