Додека пешачиме, нашиот нервен систем прави пресметки која должина на чекори и брзина трошат најмала количина на енергија. Тоа не треба да не изненади, бидејќи мрзеливоста ни е наследена. Таа има еволутивна цел.
Научниците постојано не збунуваат со препораките колку е потребно да вежбаме неделно за да останеме здрави. Прво ни соопштија дека добро е да се потиме три пати неделно по еден час. Потоа не предупредија дека не се признава ништо помалку од пет пати неделно по половина час, за да стигнат до 10.000 чекори дневно. А сега велат дека 10 минути дневно се доволни, се со цел да и се спротивставиме на мрзеливоста, која како што велат, ни е вродена.
Додека одиме, нашиот нервен систем прави пресметки за да сфати која должина на чекори и брзина трошат најмало количество на енергија. Тоа не треба да не изненади, бидејќи мрзеливоста ни е всадена. Таа има еволутивна цел – нашите предци не знеле дали ќе имаат храна за недела или две, па донесувале рационална одлука да не ја трошат енергијата непотребно. Така и ние, избираме да седиме кога би можле да стоиме, да гледаме ТВ наместо да пешачиме, а и нашиот нервен систем е направен да не заштеди од напорот, па дури и за пет проценти.
Десет минути дневно, сепак, е минимумот, предупредуваат експертите, па доколку сакаме да потрошиме повеќе калории, мораме да вложиме повеќе напор и да го забрзаме чекорењето.