Од проблеми како намалувањето на плодноста до познатата политика на Кина за едно дете има многу демографски предизвици со кои светот треба да се соочи во наредните години, коментира „VisualCapitalist“.
Меѓутоа, постои еден особено важен проблем – барем на места како Европа и Американските континенти – и тоа е брзото стареење на населението. Додека населението се повеќе старее, потенцијалните последици вклучуваат повисоки коефициенти на зависност, зголемени трошоци за здравствена заштита и модификација на економиите и градовите.
Европа: Водечки пример
Поголемиот дел од Европа е погодена од населението кое брзо старее. Картата создадена од експертот Арон Страндберг ја покажува средната возраст на европските земји помеѓу 1960-та и 2060-та година.
Таа покажува дека во 2060-та година, според проценките на ОН, просечната возраст во некои европски земји ќе достигне најмалку 50 години. Ова ги вклучува земјите како Шпанија, Италија, Португалија и Грција, како и Германија, Полска, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Велика Британија, Франција, Ирска, Скандинавија и Македонија ќе бидат помлади по триесетите години, но со малку. Средната возраст во овие земји до 2060-та година ќе биде околу средината на 40-тите.
Американските континенти
Населението во Северна и Јужна Америка, исто така старее побрзо, иако не со темпото на Европа.
Чиле и Бразил имаат најбрза стапка на стареење. Во исто време средната возраст во Канада најверојатно ќе биде околу 45 години во 2060-та година. Интересно е дека се очекува средната возраст во САД да биде само 42 години на крајот на истиот период, што е многу пониско од повеќето западни земји.
Иако поради тоа САД изгледаат помлади во споредба со останатите земји, државата сепак ќе биде на испит исто поради економскиот товар поради стареењето на населението. Всушност, Американците на возраст над 65 години се очекува речиси двојно да се зголемат од 48 милиони на 88 милиони во текот на следните три децении.