6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОПЕК ја зголеми својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта до 2022-ра

ОПЕК ја зголеми својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта до 2022-ра

Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК) ја зголеми среднорочната прогноза за глобалната побарувачка на нафта за 102,2 милиони барели дневно до 2022-ра година, според годишниот извештај на „World Oil Outlook 2017“. Проценката е зголемена за 2,24 милиони барели во споредба со минатогодишниот извештај.

Меѓународната поморска организација (ИМО), која ја ограничува употребата на морски горива со висок сулфур до 2020-та година, е главен придонесувач за зголемувањето на побарувачката. Транзицијата од мазут до дизел гориво бара производство на нафта во поголеми количини, велат експертите од „ОПЕК“. Само овој фактор ќе ја зголеми побарувачката за 1,4 милиони барели дневно, се вели во извештајот.

На долг рок – до 2040-та година – побарувачката на нафта ќе достигне 111,1 милион барели нафта дневно, очекува картелот. Споредено со нивото од 2016-та година, растот на индикаторот ќе достигне скоро 16 милиони барели.

Побарувачка за 96,8 милиони барели дневно се предвидува за 2017-та, 98,1 милиони за 2018-та, 99,4 милиони за 2019-та, 100,7 милиони за 2020-та и 2021-ва – 101,5 милиони барели дневно.

Прогнозата за „ОПЕК“ е дека побарувачката за нафта во развиените земји ќе се намали за речиси 9 милиони барели дневно до 2040-та година, а во новите економии ќе порасне за 24 милиони барели дневно.

Организацијата очекува дека стапката на раст на побарувачката на нафта ќе забави значително по 2035-та година и во догледна иднина ќе изнесува само 0,3 милиони барели дневно. Како причина за овој развој „ОПЕК“ укажува на фактот дека до 2035-та година се очекува забавување на растот на населението и глобалниот БДП. Ова исто така ќе придонесе за построги стандарди за енергетска ефикасност и технолошки напредок.

„ОПЕК“ исто така ја ревидира својата прогноза за производство на сурова нафта во САД до 2022-ра година, зголемувајќи се на 11,1 милион барели дневно. Ова е зголемување од 3,9 милиони барели во споредба со минатогодишните очекувања.

Експертите велат дека врвот во производството на нафта од шкрилци се очекува во 2026-2027-ма година, по што ќе започне пад и до 2040-та година таа бројка ќе изнесува 9,9 милиони барели дневно. Минатогодишниот извештај предвидува дека производството ќе достигне 7,2 милиони барели до 2022-ра година и максимумот од 8,7 милиони барели до крајот на оваа деценија.

Како целина, производството на нафта и кондензати во САД до 2022-ра година ќе се зголеми за 3,8 милиони барели на 16,1 милион барели, со што САД ќе стане најголем светски производител на „црното злато“.

За Русија, до 2022-ра година, приносот се очекува да порасне за само 0,2 милиони барели до 11,3 милиони барели до 2022-ра година и пад на 11 милиони барели дневно до 2040-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП