14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Русија купува рекордни количества на злато?

Зошто Русија купува рекордни количества на злато?

Централната банка на Русија двојно ги зголеми своите купувања на злато во последниве години.

Од почетокот на 2017-та година до крајот на септември, земјата има купено 163,6 тони злато. Да се потсетиме дека во 2015-та и 2016-та година Русија ги зголеми своите златни резерви за 206,7 и 200,7 тони, соодветно.

Додавајќи ја количината на злато купено во 2014-та и еднаква на 173 тони, резервите на земјата за последните помалку од 4 години се зголемија за 743,6 тони.

Денес, Русија веќе има 1.778,9 тони злато, при што е шестата меѓу земјите со најголеми резерви на злато. Само едно место напред е Кина, со 63,7 тони повеќе злато.

Но, зошто земјата купува толку многу злато?

Според Светскиот совет за злато покажува дека во септември се купени 34,6 тони злато, во споредба со 14,9 тони и 13,6 тони во претходните два месеци.

Купувањето во последниот месец, за кој има извадено податоци се рекордни за оваа 2017-та година. Според експертите, на тој начин земјата се подготвува за радикално поинаква економија независна или слабо зависна од американскиот долар, главно поради наметнатите сакции кон неа.

Земјата, исто така, се обидува да го зголеми уделот на злато во нејзините вкупни резерви, со најновите податоци, 17,3 отсто наспроти 74,7 проценти за САД и 69,5 проценти за Германија.

Денес, Русија не е само најголемиот купувач на злато во светот, туку и третиот по големина производител на металот во светот.

Во изминатите 10 години, рударските компании во земјата произведоа повеќе од 2000 тони злато. Само во тековната година приносот е веќе над 300 тони, а се очекува да се зголеми на 400 тони во 2030-та година, рече Сергеј Кашуба, претседател на здружението на руски производители на злато.

Речиси 50% од домашното рударство го спроведуваат петте најголеми компании во земјата – „Polyus“, „Polymetall“, „Kinross“, „Petropavlovsk“ и „Nordgold“.

Другите големи купувачи во 2017-та година се Турција и Казахстан, додавајќи 118,6 и 31,3 тони злато.

Во првите четири земји со најголеми резерви на злато во светот сè уште се наоѓаат САД, Германија, Италија и Франција, без промена во споредба со еден месец порано. Седмата земја, која заедно со Кина и Русија има повеќе од 1.000 тони резерви, е Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП