23 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМожеби е до вас - 12 знаци дека сте лош работник

Можеби е до вас – 12 знаци дека сте лош работник

Добрите работници веруваат во она што го работат, сакаат подобри резултати и инвестираат многу енергија за да се искажат.

Секогаш постојат подобри и полоши работници, сепак, што доколку вие сте лош работник. Тоа не мора да значи дека сте мрзеливи или нема да успеете во деловниот свет туку само можеби се занимавате со погрешна работа.

Сепак, ако не сакате да ве прогласат за лош работник итно ослободете се од овие особини.

– Не внимавате на точноста или пак знаете дека доцните и не се обидувате воопшто да го поправите тоа

– Секогаш имате подготвени изговори, најчесто во вид на иритирачко вадење

– Вложувате минимум, не сакате да дадете ниту трошка повеќе труд

– Мислите дека сте најпаметната личност на работа

– Не верувате во мисијата или вредноста на компанијата

– Секогаш сте помалку продуктивни од колегите

– Не се сложувате буквално со никој во компанијата

– Постојано сте принудени да се извинувате, на вашите грешки им нема крај

– Секогаш барате некој излез, секојдневно гледате како само побрзо да заминете

– Постојано имате некои барања, постојно нешто ви недостасува или сакате да се промени

– Ви недостасува мотивација, всушност ви одговара да бидете просечен работник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП