28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХоландскиот музички гениј, гитаристот Јан Акерман во Скопје

Холандскиот музички гениј, гитаристот Јан Акерман во Скопје

Во организација на концертната агенција и продукција „3Гонга“, во четврток, 9 ноември, со почеток во 22 часот во ноќниот клуб „Станица 26“ ќе настапи најпознатиот холандски и светски блуз музичар и гитарист Јан Акерман.

Овој седумдесетгодишен музички гениј е добро познат на македонските фанови и досега неколку пати има настапувано на скопската сцена. Како соло артист има соработувано со други големи светски музичари меѓу кои Би Би Кинг, Чарли Брд, Кози Пауел, Клаус Огерман и Ајс Ти, а голем дел од својата кариера ја помина и како член на бендовите како „Брејнбокс“ и „Фокус“.

Во своето музичко творештво од 60 години и повеќе има многу снимени албуми и настапи низ целиот свет. И сè уште е неуморен и полн so енергија и отворен за нови предизвици. Витален и енергичен повеќе од кога и да е.

Ова е негово петто гостување во Македонија. Но, прво скопско клупско претставување во поинтимна атмосфера. Во тој контекст Акерман вели:

„Клубот нуди потполно поинаква атмосфера од големите концертни сали. Мојот музички репертоар овој пат за скопјани ќе биде разновиден. Иако, најмногу песни ќе изведувам од албумот ‘Gitar in bed’, кој верувам моите фанови тука го знаат, а за мене е еден од најдобрите. На крајот на шоуто сакам да отсвирам и некои стари материјали како еден вид потврда дека во младешките денови сум бил многу ‘откачен’“.

Со него во Скопје доаѓаат уште четворица професионалци: тонскиот мајстор Нил Денолм, Папа Коен Моленар на клавијатури, Мерин ван ден Берг на тапани и Дејвид де Марез Ојенз на бас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП