2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 63 случаи на заболени од грип

Нови 63 случаи на заболени од грип

Нови 63 случаи на заболени од грип се регистрирани минатата седмица, што претставува зголемување за 40 отсто во однос на состојбата пред две седмици, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Согласно со извештајот, забележано е зголемување од 46, 5 отсто во споредба со истиот период минатата сезона.

Оваа седмица пријавени се заболени лица од 9 извештајни единици. Најголем број заболени се регистрирани во Подрачната единица Гостивар – 36 заболени лица. Највисока инциденца исто така се бележи во ПЕ Гостивар – 30,1 на 100.000 жители, а најниска во ЦЈЗ Прилеп – 1,1 на 100.000 жители.

Најголем број заболени се пријавени во возрасната група која го опфаќа населението од 15-64 години – 39 случаи (61,9 отсто), а највисока инциденца (6,1 на 100.000 жители) се регистрира кај лицата над 65 години, каде што вкупно се пријавени 16 заболени.

Во сезоната 2017/2018 вкупниот број заболени од грип изнесува 123, што е за 28,1 отсто помалку споредено со истиот период минатата година кога било регистрирано 171 заболено лице.

Според пристигнатите извештаи од страна на центри за јавно здравје/подрачни единици, 25.171 лице се вакцинирани заклучно со изминатата недела (од 23 до 29 октомври) на територијата на Република Македонија, и се потрошени 89,9 отсто од вкупниот број набавени вакцини.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на ризични групи, согласно со препораките на СЗО.

Оттаму порачуваат сите заинтересирани лица да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП