11 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМедот е здрав, но само доколку не изедете повеќе од оваа количина...

Медот е здрав, но само доколку не изедете повеќе од оваа количина дневно

Медот одамна е познат како природен еликсир за здравјето, природен антибиотик. Има антиоксидативно дејство, исклучително е благотворен за организмот, но новите истражувања покажуваат дека ниту со него не треба да претерувате.

Нутриционистката од Тексас Ангела Лемонд вели дека медот сепак содржи шеќер, па никако не е препорачливо прекумерно да го консумирате.

– Доколку го додавате директно во смути, овесна каша или други јадења, многу лесно можете да претерате бидејќи не мерите колку ставате.

Премногу мед доведува до наталожување на килограмите, дијабетес и пропаѓање на забите. Иако, нормално, поздрав е од индустрискиот шеќер, важно е да го ограничите неговиот внес во организмот. Ова мислење го дели и Тореј Армул, нутриционист од Охајо и советува:

„Доволна е само една ипол лажица мед дневно“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП