3 јули, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Француски импресии“, концерт на пијано ансамбл за 4 раце

„Француски импресии“, концерт на пијано ансамбл за 4 раце

Ирина Наумовска Кверфурт и Кристина Светиева, наши афирмирани млади пијанистки, во рамките на циклусот „Pro Musica“ во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија, ќе одржат концерт во Музејот на град Скопје, на 6 ноември, понеделник, со почеток во 20 часот.

Овој пијано ансамбл за 4 раце настапува заедно уште од најрана возраст и е добитник на првите високи меѓународни награди за учесници од нашата земја, на повеќе престижни меѓународни натпревари. На програмата ќе бидат изведени дела за пијано за 4 раце од Пуланк, Дебиси, Равели премиерно две дела од Шабрие и Сати.

Влезот е слободен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП