5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБМВ и Тојота заедно развиваат спортско купе

БМВ и Тојота заедно развиваат спортско купе

bmwtoyota

Се погласни се најавите за здружување на силите на БМВ и Тојота, а како база би требало да се користи „GT86“.

Иако се уште нема официјални потврди се посилни се гласините дека Германците и Јапонците ќе започнат со создавање на заедничко спортско купе. Според последните информации раководителот кој е задолжен за развојот на Тојота „GT86“ најверојатно веќе собира инженери кои ќе бидат потребни за конструктивните решенија за новиот модел.

Заедничкото купе ќе биде поголемо од моделот „GT86“ па така најверојатно ќе се користи продолжена платформа, а би требало да биде прилагоден за вградување на поголем мотор, вклучувајќи ги и турбо-полначите, директните вбризгувачи и хибридните делови.

Извори блиски до Тојота тврдат дека веќе е постигнат договор за моторизација и дека концептот ќе биде хибрид. Турбо-бензински мотор со четири цилиндри ќе ги придвижува задните тркала, додека за предните ќе биде задолжен електромотор.

Премиерата на концептот најверојатно се планира за Саемот на автомобили кој на крајот на ноември ќе се оддржи во Токио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП