2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Човекот – делфин“ ќе биде премиерно прикажан во Скопје, Охрид и Струга

„Човекот – делфин“ ќе биде премиерно прикажан во Скопје, Охрид и Струга

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ премиерно ќе ја прикаже инспиративната документарна приказна за легендарниот Жак Мајол, првиот човек кој ја достигнал длабочината од 100 метри во слободно нуркање. Филмот ќе биде прикажан на 2, 3 и 4 ноември во Скопје, Охрид и во Струга.

Благодарение на својата посветеност и дисциплина, човекот-делфин, како што го нарекуваат Мајол, успева да ги помести границите на човечкото тело и ум, а станува главна инспирација и за играниот филм „Големото синило“ на Лик Бесон.

„А сега замисли си дека си делфин и дека живееш слободно според своите потреби. Во секој од нас спие по еден делфин“, вели човекот кој ги помести границите на човечкото тело и ум, но не заради рекордите, ами заради слободата што се раѓа во длабокото, каде што синото повеќе не е сино, каде што небото и чувствата стануваат сеќавања, каде што тишината е потполна, а времето не постои.

Документарниот филм „Човекот – делфин“ е воодушевувачката приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв ќе ја достигне длабочината од 100 метри со слободно нуркање. Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој е главната инспирација и за „Големото синило“ на Лик Бесон.

Приказната за францускиот делфин ќе биде прикажан на 2 ноември, четврток, во 20 часот во Кино „Култура“ во Скопје, на 3 ноември, петок, во 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид и на 4 ноември, сабота, во 20 часот во Спомен-куќата „Браќа Миладиновци“, Струга, во соработка со „Дримон Фестивал“.

Цената за сите проекции е 100 денари. „МакеДокс“ ја реализира премиерата на филмот „Човекот – делфин“ во соработка со „Moving Docs“, платформа која е финансирана од МЕДИА на Креативна Европа.

Карти може да се набават онлајн преку Купи Карти за сè, на врата, но и на повеќе продажни места низ државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП