29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнализите покажаа - Водата во Гостивар е безбедна за пиење

Анализите покажаа – Водата во Гостивар е безбедна за пиење

Од Институтот за јавно здравје информираат дека е исправна и безбедна за употреба водата за пиење во Гостивар, што покажала направената проширена физичко-хемиска анализа на квалитетот на водата.

Институтот потенцира дека водата за пиење во Гостивар е бактериолошки исправна, со добар физичко-хемиски состав и без присуство на пестициди.

Инаку, изминатава недела близу 500 луѓе побараа помош во гостиварската болница, сите со стомачни болки и дијареја. По добиената терапија, тие се пуштени на домашно лекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП