2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Јас, елегии“ од Михаил Ренџов во „Браќа Миладиновци“

Промоција на книгата „Јас, елегии“ од Михаил Ренџов во „Браќа Миладиновци“

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Јас, елегии“ од истакнатиот македонски поет Михаил Ренџов.

Книгата е добитник на престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга во 2017 година. За најновата книга на Ренџов ќе зборува проф. д-р Кристина Николовска, а стихови ќе кажува актерот Томе Витанов.

Промоцијата ќе се одржи на утре во спомен-собата на Миладиновци со почеток во 19 часот

Михаил Ренџов е еден од најпознатите поети во македонската книжевност. Автор е на многу поетски книги а како негови најзначајни остварувања се издвојуваат збирките поезија: Ноќно растење на зборот, На работ од сонот, Нерези, Феникс, Псалми, Јас оксиморон. Добитник е на најзначајните книжевни и општествени награди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП