25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо октомврискиот идеален тим на СЕХА место зафатија и Гонзалес и Дибиров

Во октомврискиот идеален тим на СЕХА место зафатија и Гонзалес и Дибиров

Откако Вардар стигна до две победи во двата меча од регионалната СЕХА-Газпром лига, во идеалниот тим за октомври се најде Тимур Дибиров, како и тренерот Раул Гонзалес.

Вардар дома го победи ППД Загреб, 30:23, а на гости триумфира кај Целје со 31:28 задржувајќи го максималниот скор од шест победи во шест натпревари, а во исто време го имаат најдобриот напад и најдобрата одбрана во лигата.

Во објаснувањето за изборот за Тимур Дибиров како најдобро лево крило се вели: „Да го имаш во најдобрите седум и не е изненадување. Вардар оствари две важни победи, против Загреб и Целје, а Дибиров постигна по шест гола на двете средби. Ретко оди под тоа ниво. Раул мора да е среќен што го има во тимот“.

Нашиот тренер Раул Гонзалес е вистински командант што одлично го предводи тимот. За него медија-тимот на СЕХА напиша: „Вардар е недопирлив – шест натпревари и шест победи. Октомври е месец кога актуелниот првак покажува дека се подготвува да го повтори успехот победувајќи ги Загреб и Целје. И истовремено со големи постигнувања и во ЕХФ-лигата на шампионите. Аплауз за Раул кој сѐ уште не знае како изгледа пораз сезонава“.

Идеален тим за октомври 2017

Голман – Клемен Ферлин (Горење)

Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)

Десно крило – Бруно Буторац (Татран)

Пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)

Лев бек – Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб)

Среден бек – Лука Митровиќ (Целје)

Десен бек – Константин Игропуло (Мешков)

Тренер: Раул Гонзалес (Вардар)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП