ЕКОНОМИЈА

САД не ги кршат ниту урагани, бележат силен раст

Американската економија, поддржана со силните деловни инвестиции, порасна по солидна годишна стапка од три проценти во третиот квартал.

Тоа е прв пат во три години два последователи квартали БДП да достигне стапка на раст барем од три проценти, бидејќи во претходниот квартал е регистриран раст од 3,1 проценти, пренесува агенцијата Франс прес, повикувајќи се на податоците од американското Министерство за трговија.

Економијата на САД во изминатото лето забрза, и покрај последиците од ураганите Харви и Ирма, наведува американската агенција.