5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБидете добар газда и во тешки ситуации

Бидете добар газда и во тешки ситуации

Кери Карпен е ко-основач на компанијата „Likeable Media“ од Њујорк која пред некоја година била на шестото место на листата на најдобрите компании од тој град. Во тој момент кога дознала за тој податок, таа сфатила дека вработените се животна сила на нејзината, а и на секоја друга компанија.

Ова се лекциите кои таа ги научила преку искуството и кои можат да им помогнат на сопствениците на помладите компании да негуваат здрава атмосфера во компанијата:

Секоја грешка е можност да се научи нешто ново

„Кога вработениот ќе направи грешка, потребно е да се види неговиот вкупен резултат до тој момент. Дали е тоа изолиран инцидент на, инаку, совршено добар работник? Што може да се научи од таа грешка? Имајте на ум дека вработениот кој е, откако ја направил грешката, поштеден од отказ, често станува лојален работник“, советува Карпен.

Без лутење

Пред да стане претприемач, Карпен во компанијата во која работела присуствувала на ситуација, кога нејзина колешка му соопштила на шефот дека прифатила друга понуда за работа. Шефот на тоа и одговорил: „Излегувај надвор“.

Карпен вели: „Ни малку не се сложувам со оваа постапка. Начинот на кој се однесувате со вработените кои ја напуштаат компанијата повеќе влијае на оние кои остануваат во компанијата отколку на оние кои заминуваат“. Кога некој ја напушта нејзината компанија, колку тоа и да ја изнервира, Карпен е љубезна. Оние кои заминуваат секогаш ги прашува своите добри и лоши искуства да ги поделат со неа.

Играјте ја најдобрата игра со картите кои ви се доделени

Писателот Роберт Хаинлејн рекол: „Не учи го прасето да пее. Само губиш време и го нервираш прасето“. Карпен советува да не губите време учејќи ги другите да ги поправат своите слабости, туку луѓето да ги поставите на места на кои нивните вештини и способности ќе бидат најдобро искористени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП