6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон: Шкотска ќе биде како Кипар

Лондон: Шкотска ќе биде како Кипар

shkotska1

Британското министерство за финансии оценува дека независна Шкотска би доживеала слична финансиска криза како Кипар.

Министерството во Лондон оценува дека финансискиот сектор на Шкотска, доколку таа земја стекне независност, ќе биде премногу голем, со што таа, најверојатно ќе се соочи со криза слична на онаа низ која сега поминува Кипар.

Во пресрет на референдумот за независност на Шкотска, кој е најавен за септември 2014 година, британската влада го анализира влијанието на независност врз Шкотска, која има население од пет милиони жители, пренесува Ројтерс.

Според извештајот на британското министерство, Шкотска без регулаторна рамка од британската влада, би можела да се соочи со банкарскиот сектор кој ја надминува големината на нејзината економија.

„Независна Шкотска би имала исклучително голем банкарски сектор во споредба со големината на нејзината економија, односно банкарските средства кои се 1.250 пати поголеми од шкотскиот БДП, со што земјата би била изложена на финансиски шокови и флуктуации во тој сектор“, се наведува во соопштението на британското министерство за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП