20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа финалето во ЛШ ќе може да се пие пиво во околината...

За финалето во ЛШ ќе може да се пие пиво во околината на Вембли

20130520.fwaurxhkto

Полицијата во Лондон одлучи да ја укине забраната за продажба на пиво во кафулињата околу „Вембли“ пред германското финале во Лигата на Шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн кое ќе се одигра на 25 мај со почеток од 20:45 часот.

Веста е одлична за сите фанови на германски фудбал, кои ќе одат во Лондон, но немаат билет за големиот натпревар на „Вембли“, а сакаат да се максимално блиску до својот омилен тим.

Во принцип сопствениците на пабови немаат право да продаваат пиво еден час пред првиот судиски свиреж кога се одигрува натпревар на „Вембли“. Ова правило ќе биде поништено за финалето во Лигата на Шампионите.

„За финалето во Лигата на Шампионите ќе има исклучок. Пиво ќе има и во пабовите и во рестораните”, потврди Наредникот Дејви Хаинан.

Насекаде околу „Вембли“ ќе биде дозволена продажба на алкохол, но на самиот стадион ќе биде дозволено продавање само на безалкохолни пијалаци. По 01:00 часот сопствениците на пабови не ќе можат да нудат повеќе алкохол и тоа правило нема да биде поништено за Лигата на Шампионите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП