17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРаспродадена „Оревокршачка” на мраз, закажана и втора претстава

Распродадена „Оревокршачка” на мраз, закажана и втора претстава

Поради големиот интерес за претставата „Оревокршачка” на мраз, која ќе се одржи на 4 декември 2017 година со почеток во 20 часот, организаторите, Прагма продукција се одлучија и за втора претстава.

Македонската јавност има ретка можност да го види балетскиот спектакл, претставата „Оревокршачка” на мраз, во изведба на државниот балет на мраз од Санкт Петербург, Русија. Закажаната претстава на 4 декември во 20 часот е веќе распродадена и поради големиот интерес закажана е уште една, на истиот датум со почеток во 22 часот, во Македонската опера и балет.

Спојот на балетската уметност и најелегантниот спорт – уметничкото лизгање е програмската цел на Државниот балет на мраз од Санкт Петербург, Русија, кој е основан во 1967 година од страна на истакнатиот балетски кореограф Константин Бојарски. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин – познат руски диригент.

Балетот на својот репертоар ги има познатите балети на Петар И. Чајковски – „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП