7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСимпозиум за заштита на менталното здравје на децата

Симпозиум за заштита на менталното здравје на децата

Втор научен симпозиум за стандардизација на меѓународни психолошки тестови на тема „Употреба на психолошки тестови во областа на предучилишно и основно образование во функција на унапредување на менталното здравје на децата во Република Македонија“ ќе се одржи денеска во Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во Скопје.

Симпозиумот го организира психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања и е дел од циклусот презентации наречен „Научна среда“, кој се спроведува од неговото постоење.

Според организаторот, се очекува симпозиумот да ја покрене свесноста за важноста на правилната употреба на психолошките тестови во Република Македонија во предучилишното и основното образование, а со тоа и важноста за превенцијата и заштитата на менталното здравје на децата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП