ЗДРАВЈЕ

Кралица на есента: Деновите започнувајте ги со коктел од мандарини!

Мандарината можеме слободно да ја наречеме кралица на есента, бидејќи покрај тоа што е вкусна, таа со себе носи и безброј благодетi за вашето здравје. Затоа ви предлагаме есенските дeнови да ги започнувате со овој сок од мандарини наречен цитрусен коктел.

Свежо цедениот сок од мандарини е совршен избор за почетокот на денот. Во 100 мл сок има 180 мг калиум, 18 мг калциум, 8 мг магнезиум, 14 мг фосфор, а тука е и железото, цинкот и бакарот, но и изобилството од антиоксиданти.

За овој здрав цитрусен коктел потребни ви се:

– 2 мандарини

– 2 портокала

– Половина лимон

– Едно гранче свежо нане

Излупете го овошјето и исцедете го во соковник, заедно со нането. Ако при рака немате свежо нане, на коктелот може да му додадете 50 мл чај од нане, кој претходно ќе го оладите.

Пријатно!