19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈос Ферстапен: ФИА – Меѓународна помош за Ферари

Јос Ферстапен: ФИА – Меѓународна помош за Ферари

Луѓето во Ред Бул се лути поради казната која Макс Фестапен ја доби на трката во Остин, поради што го загуби местото на победничкиот пиедестал.

Младиот Холанѓанец, во последниот круг, во претпоследниот свиок го мина Кими Раиконен и стигна до третото место, но по трката ФИА го казни со пет секунди, бидејќи според нив Ферстапен со нелегален маневар го минал Финецот. Според ФИА во моментот кога Ферстапен го престигнал Раиконен неговиот биолид со сите четири тркала бил надвор од патеката.

„Имавме сјајна трка, но вкавите глупави одлуки го убиваат спортот. Меѓу судиите се наоѓа еден идиот кој секогаш носи одлуки против мене“, рекол Ферстапен.

Таткото на Ферстапен, Јос кој во минатото возеше во Формула 1 шампионатот, во својот коментар удри по ФИА, која ја нарече „Меѓународна помош на Ферари“.

„Ова е најлошата одлука која некогаш сум ја видел. Не направи тој ништо погрешно. Неи сме возачи кои се тркаме, не е ова нормална патека. Смешно е да се уништува спортот со вакви одлуки“, го изкажал своето незадоволство и легендарниот Ники Лауда.

На трката во Остин победи Луис Хамилтон, кој во наредните три трки треба да освои уште само девет бодови за да ја освои шампионската титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП