29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал нема да настапи во Базел

Надал нема да настапи во Базел

Рафаел Надал нема да може да се судри уште еднаш со Роџер Федерер на негов терен бидејќи реши да се повлече од турнирот „Свис индорс“ во Базел, родниот град на Швајцарецот.

Федерер петти пат едноподруго го совлада Надал во финалето на мастерсот во Шангај во неделата, а светскиот број 1 вели дека му е потребен одмор пред крајот на сезоната.

„Бев на прегледи во Шпанија по пристигнувањето од Кина и, за жал, морам да објавам дека нема да играм во Базел. Коленото доживеа премногу стрес последните две-три недели и лекарите ми советуваат одмор. Сакам да им пратам порака на фановите во Швајцарија каде што секогаш сум бил пречекан со почит и да им ветам дека ќе се видиме в година“, објави Шпанецот.

Бидејќи разликата меѓу Надал и Федерер на врвот на АТП-листата е намалена на 1.400 поени, ова му дава дополнителна шанса на Швајцарецот во трката за првото место на крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП