Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

Зидан поради подобра понуда го напушта Реал?

Време: 15:06

Датум: октомври 13, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Каталонскиот спортски весник „Мундо депортиво“ тврди дека тренерот на Реал, Зинедин Зидан, би можел по завршувањето на сезоната да го напушти клубот. Според истиот извор, извесно е дека Зидан ќе ја преземе фудбалската репрезентација на Франција.

„Извесно време се врти приказната дека Зидан ќе го наследи Дидие Дешамп на клупата на француската селекција. Од претседателот на Сојузот, па до Рафаел Варан, сите се убедени дека Зидан има сѐ што е потребно за да биде селектор.“

Опцијата Зидан да биде селектор постоеше и во минатото, но „Мундо депортиво“ тврди дека тоа ќе се случи по завршувањето на Светското првенство во Русија кога ќе истече договорот на Дешамп.

И анкетите што се направени на оваа тема јасно покажуваат дека Французите сакаат Зидан да биде новиот селектор на репрезентацијата. Како што расте поддршката за Зидан, така опаѓа довербата што кај фудбалските фанови и јавноста ја има Дешамп.

Во Франција владее мислење дека актуелниот селектор не знае како да го искористи потенцијалот што го поседуваат Мбапе, Гризман и Погба и дека репрезентацијата стагнира уште од финалниот меч на Европското првенство во 2016 година.

Зидан одбива да се изјасни по ова прашање, но сите се убедени дека доколку му биде понудено селекторското столче, тој нема да одбие. Од друга страна, првиот човек на реал, Флорентино Перез, порачал дека легендата ќе остане.

Она што е најинтересно е дека по мундијалот во Русија, германскиот селектор Јоаким Лев ќе ја напушти селекторската позиција, а токму Германецот е најголемата желба на Перез.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Deutsche Bank по грешка исплати 28 милијарди евра

    Deutsche Bank по грешка исплати 28 милијарди евра

    Германскиот најголем заемодавач „Deutsche Bank“ призна дека во петокот при рутинска операција, по грешка изврши трансфер од дури 28 милијарди евра, износ поголем и од…

  • Тевдовски за Блумберг: Напредокот во ЕУ интеграциите ќе го поттикне економскиот раст

    Тевдовски за Блумберг: Напредокот во ЕУ интеграциите ќе го поттикне економскиот раст

    Безусловната препорака на Европската комисија за Македонија да ги започне пристапните преговори ќе ја зголеми довербата на инвеститорите и ќе го поттикне економскиот раст, истакна…

  • ФФМ со поддршка на фудбалските атлети од Специјална Олимпијада Македонија

    ФФМ со поддршка на фудбалските атлети од Специјална Олимпијада Македонија

    Специјална Олимпијада Македонија со фудбaлски тим од десет атлети, лица со попреченост од ДСУ „Наум Охридски“ ќе ја претставува Македонија на Европскиот фудбалски турнир „7-a-side“кој…

  • Швајцарската централна банка не се брза со промена на монетарната политика

    Швајцарската централна банка не се брза со промена на монетарната политика

    И покрај неодамнешното слабеење на швајцарскиот франк, Швајцарската централна банка (SNB) не гледа причина да ја менува негативната стапка од минус 0,75%. „Ние сме убедени…

  • Погоден момент за воведување прогресивно оданочувње, сметаат експертите

    Погоден момент за воведување прогресивно оданочувње, сметаат експертите

    Во Македонија е погоден моментот за воведување прогресивно оданочување. Стапката и прагот за оданочување според експертите не се важни, важно е како вишокот средства ќе…

  • Ѓоковиќ доби вајлд карта за Барселона

    Ѓоковиќ доби вајлд карта за Барселона

    Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби вајлд карта и следната недела ќе настапи на турнирот во Барселона, соопштија организаторите. Ѓоковиќ учествува на овој турнир по…

  • Митровски: Банките имаат доволно средства за кредитирање, каматите не се менуваат

    Митровски: Банките имаат доволно средства за кредитирање, каматите не се менуваат

    Банките имаат доволно средства и ќе поддржат кредитирање и на населението и на фирмите, а каматните стапки сметаат дека се добри и засега нема да…

  • Виетнам ќе привлекува кинески туристи со казино вредно четири милијарди долари

    Виетнам ќе привлекува кинески туристи со казино вредно четири милијарди долари

    Компанијата Сансити планира следната година да го отвори досега најголемото казино во Виетнам. Проектот Хојана се простира на 1.000 хектари и изградбата на планираните хотели,…

  • Надал преку Тим до дуел со Димитров

    Надал преку Тим до дуел со Димитров

    Рафаел Надал освои девет гема во низа за да го отвори мечот против Доминик Тим, човекот кој последен пат го победи на земјена подлога, за…

  • Анѓушев: Странските компании во земјава тешко се поврзуваат со домашните добавувачи

    Анѓушев: Странските компании во земјава тешко се поврзуваат со домашните добавувачи

    Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, се обрати на конференција за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија, во организација на Стопанската…