3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНеделата на италијанскиот јазик ќе започне со „Трст, Југославија“

Неделата на италијанскиот јазик ќе започне со „Трст, Југославија“

На 16 октомври, понеделник, со почеток од 20 часот, во киното „Милениум“ премиерно ќе се прикажува документарниот филм „Трст, Југославија“ од италијанскиот режисер Алесио Бозер.

Филмот се прикажува во рамките на Неделата на италијанскиот јазик, што во Македонија ја организира италијанската амбасада од 16 до 19 октомври, а влезот ќе биде слободен.

Филмот на Алесио Бозер потсетува на некои дамнешни времиња кога се тргуваше во Трст, кога со воз се одеше по фармерки, кафе, маички, со што ја буди носталгијата кај постарата генерација. Во филмот се појавуваат познати ликови, како Раде Шербеџија, Горан Бреговиќ, Славенка Дракулиќ, Денис Куљиш, Иво Банац… Но интересно е што режисерот вели дека единствените што одбиле да се појават пред камерата се тогашните трговци со фармерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП