12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФестивал на новиот германски филм во Прилеп

Фестивал на новиот германски филм во Прилеп

Од 12 до 14 октомври во кино Мис Стон во Прилеп, како и години наназад, ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм, што ЦК „Марко Цепенков“ традиционално го реализира во соработка со Германската амбасада. Фестивалот на новиот германски филм докажува дека германскиот филм живее и дека интересот за „големото кино“ не стивнува. Фестивалот е константа во културниот живот во земјата, вклучувајќи го и Прилеп. Филмовите овозможуваат да се ѕирне во животот низ сите негови бесконечни фасети.

Во четврток свечено ќе биде отворен фестивалот во присуство на претставници од Германската амбасада со „Чик“ , комедија драма во режија на Фатих Акан. Филмот е добитник на Баварската филмска награда за 2016 – „Најдобар филм за младинци“, филм за патувањето на младинци, без карта и без компас низ летна дестинација

Во петок од 13.10 – 18 часот ќе се прикажува трагикомедијата „Тони Ердман“ во режија на Марен Аде. Филмот е добитник на германската филмска награда 2017 , златна награда во категориите – „најдобар игран филм, најдобра режија, најдобра женска и машка главна улога, најдобро сценарио“, Европска фимсла награда 2016, Номинација за оскар за 2017 – Најдобар филм од неанглиско говорно подарачје“ и има номинација за Златен глобус 2017.

Од 20 часот публиката ќе може да ја види драмата „Херберт“, режија Томас Штубер. Станува збор за силна трогателна приказна, автентична драма за еден боксер и неговата последна борба. Добитник е на германската филмска награда 2016 , сребрена награда во категориите, најдобар игран филм и најдобра машка улога.

Во сабота од 14 до 16 часот ќе се прикажува „Авантурата на нели“, детски филм во режија на Доминик Весели. Станува збор за забавен филм за целото семејство, пледоаје за соживотот и храброста да се бранат сопствените убедувања“. Добитник е на германската филмска музичка награда за 2016 година.

Од 18 часот публиката ќе може да го види филмот за младинци „На иста висина“, во режија на Јоаким Долхопф и Ефи Голдбрунер. од 20 часот ќе се прикажува „24 недели“, драма во режија на Ане Зохра Берахед. Станува збор за „радикален филм, нефер, трауматизирачки, неверојатно тажен , искрен и добар“. Добитник е на Германската филмска награда за 2017 – сребрена награда во категоријата за најдобар игран филм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП