27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМажиќ е најдобриот судија во светот

Мажиќ е најдобриот судија во светот

Мажиќ неколку сезони е меѓу најдобрите судии во светот, редовно ја дели правдата на натпреварите во Лигата на шампионите, Лига Европа и на светските и европските првенства, а круна на досегашната кариера му се финалето во Суперкупот на УЕФА помеѓу Реал Мадрид и Севилја во 2016 година, односно финалето на Купот на конфедерациите одржан летово помеѓу Германија и Чиле.

Специјализираниот портал World Referee доделува бодови по анализата на голем број статистички податоци, а сезонава Мажиќ е на третото место зад Словенецот Славко Винчиќ и Германецот Феликс Брих.

Меѓутоа, кога ќе се анализираат последните 10 години, Мажиќ е на првото место пред звучните судиски имиња, какви што се Џунејт Чакир од Турција и Хауард Веб од Англија.

Листата автоматски ги ажурира добрите одлуки, грешките, контролата врз играта, жолтите и црвените картони, пеналите…

Инаку, Мажиќ заедно со Бибијана Штајнхаус ја има добиено највисоката оценка за арбитражата на еден натпревар. Арбитражата на Србинот на осминафиналниот натпревар на Европското првенство во 2016 година помеѓу Белгија и Унгарија (4:0) добила оценка 9,9.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП