29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТелевизиите со аналоген сигнал до 21 Мај да побараат промена на дозволата

Телевизиите со аналоген сигнал до 21 Мај да побараат промена на дозволата

digital

Телевизиите кои планираат да продолжат со вршење на радиодифузна дејност, а ја емитуваат програмата аналогно, треба да побараат промена на техничкото средство преку кое ќе се врши емитувањето заклучно до 21 мај.

Советот за радиодифузија денеска информира дека локалните телевизии имаат можност да го променат и подрачјето на емитување, така што ќе станат регионални телевизии.

Аналогниот телевизиски сигнал ќе биде исклучен на 31 мај и по овој датум телевизиските радиодифузери кои аналогно емитуваат на државно, регионално или локално ниво ќе немаат право да ги користат радиофреквенциите за аналогно емитување доделени од Агенцијата за електронски комуникации. Доколку не им се измени постојната дозвола за вршење радиодифузна дејност, таа ќе престане да важи од 1 јуни.

Повеќе детали за условите и начинот на којшто можат да се извршат неопходните промени на дозволата за вршење радиодифузна дејност може да се најдат на веб страницата на Советот www.srd.org.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП