2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле се збогуваше со Еврогрупата

Шојбле се збогуваше со Еврогрупата

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, ветеранот во битките на должничката криза, присуствуваше на последната седница на министрите за финансии на еврозоната.

75-годишниот Шојбле е архитект на мерките за штедење во еврозоната. За време на осумте години финансиски истраги во Европа, тој ја наметна својата сурова, но фер-визија за тоа како се води проблематичната економија. Често се соочуваше со очајните партнери како Ирска, Португалија, а најдраматичен случај беше Грција.

Шојбле, еден од најпопуларните германски политичари, се повлекува после осум години како министер за финансии, за да стане претседател на новиот германски парламент, во кој ќе присуствуваат и крајно десничарски националисти.

Објект на напади при протестите низ Европа, Шојбле ја напушта Еврогрупата, која ги обединува министрите за финансии од еврозоната, исклучително почитуван од своите колеги и се претвори во политичка историска фигура, оставајќи неоспорна трага во Европа.

Шојбле на некаков начин ја олицетворува германската цврстина и сериозност, но истовремено е пријатен лик, рече поранешниот француски министер за финансии, Мишел Сапен, кој изрази восхит од умот на Шојбле и неговата љубов кон Европа.

Сапен претставува Франција во 2015-та година во најтешките моменти на должничката криза, кога Шојбле отворено повикуваше Грција привремено да ја напушти еврозоната, прекршувајќи ги табуата и шокирајќи многумина.

Шојбле е близок соработник на германската канцеларка Ангела Меркел, имено таа ја тргна Атина од провалијата, играјќи улога на добриот „полицаец“, додека Шојбле беше најлошиот „полицаец“.

Иако никогаш не бил формално шеф на Еврогрупата на состанокот зад затворени врати, тој е виден како шеф кој не го одвојува погледот од сегашниот шеф на Еврогрупата, холанѓанецот Јерун Деиселблум, а пред него Жан-Клод Јункер од Луксембург.

Парализиран од градите по обидот за убиство во 1990-та година, Шојбле е познат и по методите на разоружување.

Како бранител на германските интереси, филозофијата на Шојбле е едноставна, вели Холгер Шмит, главен економист во банката Berenberg.

Германија им помага на заглавените соседи со големи суми, ако примателите се согласат со строгите услови за да постигнат засекогаш ред во куќата, рече Шмидинг.

Ова е истиот немилосрден став што го имал за управувањето со германската влада, а тој истото го очекува од еврозоната.

Не сокриен фактот дека Шојбле не е економист, туку всушност е правник, рече Глен Ким, советник на поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис кој се консултирал со Германија при изготвувањето на спасувачките програми инспирирани од Шојбле.

Шојбле „целосно ги мразеше пазарите кои според него треба да бидат контролирани од технократи. Тој практично уживаше на тоа да биде најлошиот „полицаец““, вели Глен Ким според мемоарите на Варуфакис – „Возрасни во собата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП