19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатруените штипски работници на „Актива“ пуштени на домашно лекување

Затруените штипски работници на „Актива“ пуштени на домашно лекување

Дваесет и еден работник од штипската фирма „Актива“ кои вчера попладнето се затруле, откако го консумирале ручекот, по укажаната медицинската помош се пуштени на домашно лекување. 

Вчера од 13 до 20 часот на Инфективното одделение биле згрижени 21 работник, кои се јавиле со симптоми на повраќање и дијареа.

Се чекаат  резултатите од Санитарната инспекција.

„Се вршат испитувања. Има претпоставки дека е од храната. Ги чекаме резултатите од Санитарната инспекција. Таа е на терен, од изутрината вршат испитувања на местото каде се подготвува храната, што ние ја добиваме од фирма специјализирана за тоа. Ние како компанија веднаш реагиравме. По првите симптоми сите работници од наша страна се однесени во болница, а дел веќе се вратија и на работа“, вели во изјава за медиумите сопственикот на компанијата Актива, Илија Николов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП